Skip to main content

СВИКAНА СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На ден 25.01.2022 година вторник со почеток во 09:00 часот во големата сала  е закажано седмото издание на седницата на Советот на Општина Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 

На ден 25.01.2022 година вторник со почеток во 09:00 часот во големата сала  е закажано седмото издание на седницата на Советот на Општина Охрид.

Покрај усвојување на Записникот од 4-та седница, на обемниот дневен ред на ова издание на седницата на градскиот совет ќе се најдат голем број предлог одлуки за  за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти, па предлог-одлуката за давање согласност на планот за изменување на Годишниот План за  вработување на Општина Охрид за 2022 година потоа предлог-одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и јавни паркинг простори со кои стопанисува ЈП„Билјанини извори“ Охрид.

Градските советници ќе треба да се произнесат и во врска со предлог одлуката а утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2022 година и за платите на административните службеници вработени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид за 2022 година како и во врска со  Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за 2022 година.

Ќе се именуваат и разрешуваат членови на училишни и управни одбори во неколку училишта и Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид, а ќе се гласа и во врска со Предлог-одлука за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи.

Пред советниците ќе бидат и Предлог-одлуките за определување зони за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот (објекти),  градежно и земјоделско земјиште за календарската 2022 година утврдена врз основа на извршените купопродажби во претходната година на подрачјето на општина Охрид по катастарски општини и Предлог-одлука за донесување План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели со намена Б5 – хотели и хотелски комплекси.