Трет пораз на нашите кошаркарки
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот натпревар од четвртото коло од натпреварите по групи на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што се одржува во Охрид.
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот натпревар од четвртото коло од натпреварите по групи на Европското првенство за кошаркарки до 20 години Б дивизија што се одржува во Охрид.
Нашите репрезентативки одиграа далеку подобро отколку во претходниот натпревар кога беа декласирани од Холандија, но немаа сили да ја изненадат Романија. Подобрата игра на Романките во првото полувреме и предноста што ја остварија во тој дел се покажаа доволни за победата 93-76 над домаќинот, кој дефинитивно ги загуби шансите за пласман во четвртфиналето.
Во другиот натпревар во „Б“ групата Холандија го совлада Израел со резултат 99 : 68. Во дуелите во „А“ групата Унгарија беше поуспешна од Австрија победувајќи со 68 : 52, Белгија со само поен разлика ја совлада Велика Британија 67 : 66, а кошаркарките на Португалија славеа над Гркинките со 60 – 54.
За денеска на програмата е петтото последно коло по групи од Европското првенство. Во „А“ групата се сеќаваат велика Британија – Австрија, Португалија – Унгарија и Белгија – Грција. Покрај дуелот Романија – Австрија во рамките на „Б“ групата ќе се сретнат селекциите на Романија и Австрија, како и дуелот на нашите кошаркарки со силната селекција на Словачка, која досега нема претрпено пораз во Охрид.
{loadposition content9}