Не е вистина дека во 2019 починале повеќе од грип отколку во 2020 од коронавирус
Податоците коишто се изнесени во оваа објава немаат апсолутно никаква поврзаност со реалната ситуација. Бројката од 1.203 починати од грип во 2019 е целосна невистина и не е ни блиску до вистинската бројка на починати којашто е драстично помала. Но, дури и да беше точна оваа бројка таа, сепак, е дупло пониска од вистинската бројка на смртни случаи од коронавирусот во 2020 година – 2.503.
Податоците коишто се изнесени во оваа објава немаат апсолутно никаква поврзаност со реалната ситуација. Бројката од 1.203 починати од грип во 2019 е целосна невистина и не е ни блиску до вистинската бројка на починати којашто е драстично помала. Но, дури и да беше точна оваа бројка таа, сепак, е дупло пониска од вистинската бројка на смртни случаи од коронавирусот во 2020 година – 2.503.
Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека во Северна Македонија во 2019 година имало повеќе починати од сезонски грип, во споредба со починати од коронавирусот во 2020 година. Ова е целосно неточна информација.
МАЛКУ СТАТИСТИКА
ВО МАКЕДОНИЈА ВО 2019 ПОВЕЌЕ ПОЧИНАЛЕ ОД ГРИП И ТОА 1203 ВО ОДНОС НА 2020 ОД КОРОНА !!!
Податоците коишто се изнесени во оваа објава немаат апсолутно никаква поврзаност со реалната ситуација. Бројката од 1.203 починати од грип во 2019 е целосна невистина и не е ни блиску до вистинската бројка на починати којашто е драстично помала. Но, дури и да беше точна оваа бројка таа, сепак, е дупло пониска од вистинската бројка на смртни случаи од коронавирусот во 2020 година – 2.503.
Што велат официјалните податоци за состојбата со грипот во 2019 година?
Прво, важно е да напоменеме дека грипот се појавува сезонски, односно почнува наесен, а завршува напролет, со тоа што во зимските месеци се забележуваат најмногу случаи на заболување. Па, така, за да ја видиме состојбата со грипот во 2019 година треба да погледнеме што велат бројките од сезоната 2018/2019 и од сезоната 2019/2020 година.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, во сезоната 2019/2020, вкупниот број на заболени од грип/заболувања слични на грип изнесувал 33.171 лица. Но, од вкупниот број на заболени лица, во текот на 2019 година се регистрирани 828 лица или 2,5 отсто. Останатите 97,5 отсто или 32.343 лица се регистрирани во 2020 година.
Во текот на сезоната 2019/2020, регистрирани се вкупно 3 смртни случаи асоцирани со грип.
Се работи за лица на различна возраст – од 14-85 години од Скопје, Кочани и Пробиштип кои биле хоспитализирани на различни клиники во УКЦ Мајка Тереза во Скопје. Кај сите починати лица утврдено е присуство на коморбидитети и ниту еден од нив не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај трите лица, лабораториски е потврдена Influenza A/H1pdm, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2018/2019, вкупниот број на заболени од грип/ заболувања слични на грип изнесува 21.531 лица. Од вкупниот број на заболени лица, во текот на 2018 година се регистрирани 1.218 лица или 5,7 отсто. Останатите 94,3 отсто или 20.313 лица се регистрирани во 2019 година. Во текот на сезоната 2018/2019, регистрирани се вкупно 29 смртни случаи асоцирани со грип.
Починатите лица се на возраст од 5 до 86 години. Од вкупниот број на смртни случаи асоцирани со грип, кај 21 лице (72,4%) е утврдено постоење на коморбидитет. Како најчести коморбидитети се регистрирани дијабет (кај 8 лица) и хипертензија (кај 8 лица), кардиомиопатија (кај 4 лица) и ХОББ (кај 4 лица), велат од ИЈЗ.
Иако во извештаите од ИЈЗ нема податоци во кои месеци се забележани смртните случаи од грип, сепак доколку се собере бројката од двете сезони 2018/2019 и 2019/2020 се добива бројка од 32 лица. Ова е значително помалку од бројот на починати – 1.203, како што се тврди во објавата што ја рецензираме.
Што велат официјалните податоци за состојбата со коронавирусот во 2020 година?
Според официјалните податоци од Министерството за здравство, заклучно со 31 декември 2020 година вкупно заболени од коронавирус биле 83.329 лица, а починати биле 2.503 лица.
Последниот кумулативен извештај од Институтот за јавно здравје бил објавен на 27 декември 2020 година. Според тој извештај заклучно со 27 декември пријавени биле вкупно 81.804 случаи на ковид-19, а регистрирани биле 2.456 смртни случаи.
И ова е многу поразлично од бројката која што е земена како пример за споредба. Во 2020 година имало драстично многу повеќе починати како последица на коронавирусот отколку што имало во грип во 2019 година.
Состојбата со коронавирусот и во 2020 и во 2021 година беше многу сериозна. Освен високиот број на заболени и починати лица, пополнувањето на болничките капацитети исто така многу говореше за сериозноста на ситуацијата. Поради преголемиот број на заболени, на кои што им беше потребна хоспитализација во 2020 година, се формираа и ковид центри на Универзитетските клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија и Оториноларингологија, Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево, Дебар и Гевгелија како и во неколку приватни болници.
Ова никогаш не бил случај со заболени од сезонски грип. Затоа е многу погрешно да се изедначуваат двете заболувања, а уште попогрешно и неодговорно е да се шират невистинити бројки коишто имаат за цел да ја убедат јавноста дека ковид-19 не е сериозна болест и дека грипот е посериозен.
Официјалните податоци го покажуваат токму спротивното. Затоа не треба да се информирате од сензационалистички објави на социјалните мрежи кои што се потенцијално опасни и може да му наштетат на јавното здравје.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар