Skip to main content

Ремонт на владата

Парламентот вечерва нешто по полноќ избра тројца нови министри и двајца вицепремиери, по смената и оставките на првите луѓе во секторите за финансии, образование, земјоделство, економски прашања и евроинтеграции.

Nikola Gruevski
Никола Груевски

Парламентот вечерва нешто по полноќ избра тројца нови министри и двајца вицепремиери, по смената и оставките на првите луѓе во секторите за финансии, образование, земјоделство, економски прашања и евроинтеграции.

poraneshna vladaСобранието, по речиси петчасовна дебата, со гласовите на парламентарното мнозинство избра вицепремиери за евроинтеграција и за економски прашања, и министри за финансии, образование и земјоделство.

Нов вицепремиер за евроинтеграции е Васко Наумовски, додека нов вицепремиер за економија е Владимир Пешевски.

Нов министер за финансии е досегашниот вицепремиерза економски прашања Зоран Ставревски. Со ресорот земјоделство ќе раководи Љупчо Димовски, а со ресорот образование Никола Тодоров.

За изборот на петте нови членови на владата гласаа 67 пратеници, а против се изјаснија 14.

Вицепремиерот Наумовски и министрите Димовски и Тодоров доаѓаат на местата на Ивица Боцевски, Ацо Спасеноски и Перо Стојановски, кои поднесоа оставки.

Ставревски, кој и досега беше член на Владата, ќе го замени Трајко Славески, кој претходно денеска парламентот го разреши, на предлог од премиерот Никола Груевски.

Парламентот ги избра и Перица Ивановски и Горан Михајловски, за заменици министри за земјоделство и за транспорт и врски.

Претседателот на Владата во експозето рече дека за членови на кабинетот предлага стручни кадри, кои имаат „перформанси и искуство ефикасно да раководат со ресорите“.

Опозицијата оцени дека премиерот предложил „изнудени решенија, како резултат на кадровскиот дефицит на владеачката ВМРО – ДПМНЕ“.

На наводитеод опозицијата дека покрај лошата економска политика, Владата не е заинтересирана за евроинтегративниот процес, премиерот реплицираше дека „новите министри, заедно со актуелните, остануваат целосно посветени на влезот во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, како врвни приоритети“.

{loadposition content9}