Второто полугодие ќе започне со физичко присуство
Комисијата за заразни болести препорача стартот на второто полугодие да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.
Комисијата за заразни болести препорача стартот на второто полугодие да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.
На состанокот на Комисијата за заразни болести на кој присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба со Ковид-19 во земјава.Воедно, Министерството за здравство ги задолжи универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од Ковид-19.
Во однос на медицинскиот персонал, јавните здравствени установи се известени и задолжени да назначат лица – среден медицински кадар за вклучување во работата на КИБФС медицински сестри и болничари.
Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование да продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари.
Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство.