Skip to main content

Жител на Делогожда нападнал 78-годишна жена во Струга

На 28-ми јануари 2022 година во 00:20 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ш.А. (61) од струшкото село Делогожда.

 |   | 
Полиција

На 28-ми јануари 2022 година во 00:20 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 61- годишниот Ш.А. од струшкото село Делогожда.

Тој претходно во стан на улицата „Маршал Тито”, физички ја нападнал Ц.Т. (78) од Струга, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.