Skip to main content

Сообраќајна несреќа кај влезот на охридскиот аеродром

На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К. (64) од Скопје излетал надвор од коловозот.

 |   | 
Полиција

Во несреќата, притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.