Skip to main content

Препарат со непознат состав и без име, се рекламира како чудотворен „мелем за лице“

Секоја крема којашто се користи за медицински цели и се пушта во промет, треба да биде регистрирана во Регистарот на лекови на Агенцијата за лекови и медицински средства. Истата треба да подлежи на одредени испитувања за да се потврди нејзиниот квалитет, безбедност и ефикасност. Посочената крема за лице која во рекламниот матријал по социјалните медиуми се претставува како лек за повеке кожни болести, нема ниту име, ниту состав и воопшто не може да се води во Регистарот на МАЛМЕД. Дерматолозите апелираат на внимантелност со ваквите креми кои не можат да бидат лек за повеќе кожни промени.

 |   | 

Секоја крема којашто се користи за медицински цели и се пушта во промет, треба да биде регистрирана во Регистарот на лекови на Агенцијата за лекови и медицински средства. Истата треба да подлежи на одредени испитувања за да се потврди нејзиниот квалитет, безбедност и ефикасност. Посочената крема за лице која во рекламниот матријал по социјалните медиуми се претставува како лек за повеке кожни болести, нема ниту име, ниту состав и воопшто не може да се води во Регистарот на МАЛМЕД. Дерматолозите апелираат на внимантелност со ваквите креми кои не можат да бидат лек за повеќе кожни промени.

Рецензираме објава на Фејсбук во којашто се промовира крема за лице, преставена како лек што има повеќе лековити својстава и благотворно дејствува на прилично голем дијапазон на кожни промени. Всушност, станува збор за реклама во која се наведени придобивките од нанесување на „мелемот за лице“, со акцент на тоа дека се работи за природен лек изработен по „бабин рецепт“ стар 30 години. Понудата  е 2 пакувања за 999 денари или едно пакување за 599 денари.

Мелем за лице по рецептот на баба 100% природен (домашен производ веќе 30 години)

Овој мелем го произведуваме веќе 30 години. Мелемот е домашен производ и е 100% природен без вештачки додатоци  и без никаков мирис. Ги отстранува: сите брчки, акни и црнки, пеги и дамки, лузните и последиците од операции, го избелува лицето, го спречува стареењето, го враќа природниот сјај, ги затвора проширените пори, го забрзува заздравувањето на раните, ефикасно помага при псоријаза, целосно го чисти лицето, стои во Фејсбук објавата.

Ако се анализира самата ФБ објава, може да се забележи дека кремата е бела смеса, пакувана во пластични теглички, без име и без податок кој е производителот. Според објавата не може да се добие конкретен одговор за каква крема станува збор, кој е нејзиниот состав, како треба да се користи и дали навистина станува збор за официјален  препарат кој е регистриран кај македонските здравствени власти и дали има одобрение за употреба. Единствено стои дека овој препарат изработен по ,,бабин рецепт’’ и доста ефикасен.

Одговор за составот нема ниту на прашањата кои ги поставуваат граѓаните во некои од коментарите под постот, каде укажуваат дека составот треба да биде познат со оглед на тоа што одредени типови кожа се алергични  на одредени состојки.

Принтскрин ФБ пост

Дерматолзите кои ги консултиравме посочуваат на внимателност со ваквите „волшебни“ препарати.

Секој лек треба да има точно утврден состав па макар тој бил и од билки кои имаат народни или латински имиња, конкретно да се знае неговиот состав. Не постои волшебен лек во дерматологијата кој може да ги лекува сите болести, бидејки сите имаат свој начин на настанување, односно своја патогенеза. Како што не се користи ист лек за висок и низок крвен притисок, така со еден лек не може да се лекува и акни и псоријаза и лузни, вели Билјана Ахтарова специјалист дерматолог

Со оглед дека препаратот нема име, неможе да фигурира ниту во Регистарот на регистрирани лекови на територијата на Северна Македонија што го води Агенцијата за лекови и медицински средства, велат од МАЛМЕД.  Аналогно на тоа препаратот нема одборение за промет. Регистарот на лекови е електронски и достапен за сите граѓани на следната веб- страница.

Лек е секоја супстанција или комбинација на супстанции формулирани на начин за да лекуваат или превенираат болести кај луѓето. Лек е, исто така, секоја супстанција или комбинација на супстанции што може да се употребува или да се дава на луѓе за обновување, корегирање или модифицирање на физиолошките функции со предизвикување на фармаколошка, имунолошка или метаболичка активност, или за поставување на медицинска дијагноза, стои во член 2 од Законот за лекови и медицински средства

Во член 43 од Законот е препишано и што треба да се направи за да се регистрираат одредени традиционални хербални лекови:

  1. административен дел на документацијата согласно со членот 20 став 1 точка 1 на овој закон; 
  2. фармацевтски, хемиски и биолошки дел на документацијата согласно со членот 20 став 1 точка 2 на овој закон; 
  3. библиографски или стручни докази односно експертски извештај за ефектот на лекот или сличен на него лек што е во медицинска употреба за период од најмалку 30 години, од кој најмалку 15 години во Република Македонија или во Европската унија и
  4. библиографски преглед на податоците за безбедноста или експертски извештај и во случаи кога Агенцијата дополнително ќе побара и податоци неопходни за оцена на безбедноста на лекот.

Додека во член 45 пишува дека:

Барањето за регистрација на хомеопатски лек се поднесува под услов лекот: 

  1. да се употребува перорално или надворешно;
  2. да не се наведуваат терапевтски индикации на пакувањето на лекот или во иинформациите поврзани со негои
  3. да постои доволен степен на разредување што ќе гарантира безбедност на лекот, особено лекот не смее да содржи повеќе од еден дел на 10.000 од основната тинктура или повеќе од 1/100 од најмалата доза која се користи во алопатијата во поглед на активните супстанции чие присуство во алопатските лекови резултира со обврска за поднесување на рецепт.

Со оглед на тоа што овој препарат не е регистриран како официјален лек, врз него не се направени аналитички, хемиско-биолошки, фармаколошко-токсиколошки и клинички испитувања, не е познато колку тој е безбеден и ефикасен за потенцијалните пациенти

Затоа без да навлегуваме во делотворноста на кремата која се рекламира по социјалните медиуми, оценуваме дека постот може да ги доведе во заблуда читателите околу наводната делотворност на  промовираниот волшебен „мелем за лице“ како ,„лек” за кожни болести на природна база.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар