Skip to main content

Нов состав на Комисијата за заразни болести?

Според неофицијални информации, Комисијата за заштита од заразни болести ќе има нов претседател на местото на досегашниот претседател Жарко Караџовски.

 |  Голабовски Крсте  | 

Според неофицијални информации, Комисијата за заштита од заразни болести ќе има нов претседател на местото на досегашниот претседател Жарко Караџовски.

На местото претседател на комисијата се споменува името на доктор Александар Петличковски, додека докторот Злате Мехмедовиќ ќе биде нов портпарол на оваа комисија, а дел од комисијата неофицијално треба да биде и докторот Нико Беќаровски.

За подоцна е најавена прес конференција на министерот за здравство Беким Сали, кој ќе треба да ги образложи причините за смената на претседателот.