Воспоставена соработка помеѓу Националните паркови „Шар Планина“ и „Галичица“
Во просториите на ЈУНПГ беше одржана работна средба и воспоставена соработка помеѓу новоформираниот Национален парк Шар Планина и Националниот парк Галичица.
Во просториите на ЈУНПГ беше одржана работна средба и воспоставена соработка помеѓу новоформираниот Национален парк Шар Планина и Националниот парк Галичица.
На состанокот беа присутни директорот на ЈУНП Шар Планина Ибрахим Дехари со неговите соработници, а од страна на тимот при ЈУНПГ несебично беа споделени сите работни искуства, предизвици и начини на управување со заштитено подрачје категорија II Национален парк.
Во следниот период ЈУНП Шар Планина ќе бидат насочени кон формирање на стручен тим и служба кои ќе вршат заштита на природа и ќе управуваат со четвртиот Национален парк во нашата земја.