Свечено затворена 25. Универзијада во Белград
Во белградска Арена синоќа на свечена церемонија беа затворени 25. летни Универзитетски спортски игри, кои во главниот град на Србија од 1 до 12 јули собраа 8.200 учесници од 122 земји.
Во белградска Арена синоќа на свечена церемонија беа затворени 25. летни Универзитетски спортски игри, кои во главниот град на Србија од 1 до 12 јули собраа 8.200 учесници од 122 земји.
Универзијадата официјално ја прогласи за затворена претседателот ма Меѓународната организација на универзитетскиот спорт (ФИСУ), Џорџ Килиан.
– Додека завесата на летната Универзијата полека се спушта, сакам да им изразам голема благодарност не само на студентите спортисти од целиот свет, туку и на господинот Божидар Ѓелиќ, српскиот вицепремиер, како и на членовите на Организациониот комитет за одличната организација на натпреварите. Универзитетскиот спорт успеа да го спои целиот свет во духот на меѓусебното почитување, толеранција и глобален фер плеј, истакна Килиан.
На свеченото затворање присуствуваше српскиот претседател Борис Тадиќ, претседателот на Организациониот комитет на Универзијадата Мирко Цветковиќ, како и членовите Божидар Ѓелиќ, Снежана Самарџиќ Марковиќ, Жарко Обрадовиќ и Ивица Дачиќ.
Успешниот организатор на 25. летна Универзијада, српската престолнина Белград, по официјалното затворање му ја предаде „штафетата“ на идниот домаќин, кинескиот град Шанжен, кој најголемата студентска спортска манифестација ќе ја организира во 2011 година.
Домаќинот Србија на овие спортски игри освои 19 медаљи, од кои пет златни.
{loadposition content9}