Македонскиот претседател во посета на Хрватска
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ.
Ѓорге Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ.
Претседателот Иванов за време на посетата ќе оствари средба и со хрватската премиерка Јадранка Косор, како и со спикерот Лука Бебиќ, јави хрватската агенција Хина.
Според агендата, претседателите Иванов и Месиќ денеска ќе учествуваат на хрватско-македонскиот економски форум.
Претседателот Иванов, како што пренесува Макфакс, се очекува да оствари средба со претставниците на македонското малцинство во Хрватска.
{loadposition content9}