Skip to main content

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од рано утрово на терен

Со новите снежни врнежи кои го зафатија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен.

 |   | 

Со новите снежни врнежи кои го зафатија охридскиот регион уште од синoќа дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” излегоа веднаш на терен.

Се интервенираше со сета расположива механизација, а денес уште од раните утрински часови се расчистуваат јавните пешачки патеки, пешачки премини, чаршијата, пристапи до институции и други површини според приоритет.