Skip to main content

Донирано огревно дрво на семејство кое живее во субстандардни услови

По објавената сторија на социјалните мрежи за малата Наташа и нејзината мајка, водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашето опкружување, ЈП „Охридски Комуналец“ донираше огревно дрво на ова семејство.

 |   | 

Се надеваме дека оваа наша скромна помош ќе му помогне на ова семејство на кое за жал животот не им е благонаклонет. Живеат во субстандарни услови, во тешка материјална состојба, со тешки здравствени проблеми и во секојдневна борба со основните егзистенцијални потреби – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул. „Македонски Просветители”.