Невролошки микроскоп за Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ за првпат доби нов неврохируршки микроскоп. Денес со помош на новата опрема изведена е комплицирана операција на тумор на мозок.
Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ за првпат доби нов неврохируршки микроскоп. Денес со помош на новата опрема изведена е комплицирана операција на тумор на мозок.

Неврохирургот Митре Милошески, од охридската болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид, неврохирургот Венко Филипче и докторот Миќун Миќуновиќ, денес со помош на новиот неврохируршки микроскоп, изведоа сложена операција на тумор на мозок кај 73-годишна пациентка.
Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле. Сега и во болницата „Св. Еразмо” со помош на овој современ метод и експертизата на лекарите ќе може да се вршат тешки операции од областа на неврохирургијата, а пациентите нема да треба да патуваат во Скопје за оперативни зафати, истакна др. Филипче.