ТВМ телевизија со помош на граѓаните започна со лоцирање на дивите депонии во регионот
ТВМ телевизија започна со лоцирање на дивите депонии во регионот. Голем број пријави од граѓани пристигнаа на нашето барање за пријавување на нелегални депонии кои ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините. Денес нашата екипа регистрира неколку диви депонии во урбаниот дел на Охрид.
ТВМ телевизија започна со лоцирање на дивите депонии во регионот. Голем број пријави од граѓани пристигнаа на нашето барање за пријавување на нелегални депонии кои ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините. Денес нашата екипа регистрира неколку диви депонии во урбаниот дел на Охрид.
Затекнавме грда слика, расфрлана пластика, дотраена покуќника, градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад. Едната локација е во населбата Далјан веднаш пред самата патека која води кон Свети Јован Канео. Дива депонија која неодамна екипите на ЈП Охридски Комуналец ја расчистија, но денес повторно се трупа со отпад.
Еколошката свест на населението е исклучително ниска за надминување на проблемот со дивите депонии кои за жал никнуваат на многу локациии потребни се повисоки казни – пишуваат граѓаните во Рубриката Ти си твојот град.
За да може да се откриваат сторители кои несовесно одлагаат отпад потребен е видео надзор на критичните места – велат граѓаните.
Потребни се еколошки кампањи за подигнување на свеста кај населението и повеќе контроли од страна на инспекторите за екологија, предлагаат граѓаните.
Втората локација која денес ја посетивме е на самиот влез во Охрид од соседна Струга. На простор покрај патот се одлага секаков вид отпад.
Целта на оваа акција која ТВМ телевизија ја спроведува преку рубриката Ти си твојот град е да го поттикнеме делувањето на Локалните самоуправи, комуналните претпријатија, еколошките организации, но и на граѓанскиот сектор да се исчиститат дивите депонии кои ја загадуваат околината. Да допринесеме сите заедно да се уредат критичните црни еколошки точки, да овозможиме почиста еколошка средина за нас и идните генерации.
Пријавувањето на дивите депонии продолжува со сите четири општини Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани.