Солана во Македонија
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска треба да пристигне во Македонија, во рамки на турнејата по западен Балкан.
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана денеска треба да пристигне во Македонија, во рамки на турнејата по западен Балкан.
Во рамки на посетата, Солана ќе има средби со премиерот Никола Груевски, претседателот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на опозициониот СДСМ Бранко Црвенковски.
Попладне Солана ќе отпатува за Косово, а турнејата ќе ја заврши во среда во Подгорица.
Пред да замине на турнејата по западен Балкан, Солана во неделата порача дека овој регион е подрачје од животна важност за Европската Унија (ЕУ).
„Европската перспектива на тој регион е јасна и јас секогаш сум ги поддржувал напорите на земјите од тој регион да се вклучат во Унијата. Европската перспектива на регионот е најдоброто за сите земји кои го сочинуваат и исто така за Европската унија“ изјави Солана за агенцијата Бета.
Одговарајќи на прашање, дали во ЕУ постои „замор“ од ветениот процес на проширување и приемот на нови земји од западен Балкан, Солана рече дека „безбедна, стабилна и прогресивна Европа, која живее во мир и која во своите редови ќе го вклучи западниот Балкан, е стремеж на големо мнозинство Европејци“, пренесува Макфакс.
„Процесот на вклучување на Балканот (во ЕУ) само што започна и не верувам дека засега може да се воочи каков и да е “замор“. Има уште доста да се направи, но резултатите од тој напор ќе вредат“, изјави Солана.
{loadposition content9}