Свинскиот грип се шири во Македонија
Нови четири лица во Македонија се заболени од новиот тип на вирусот А (Х1Н1).
епрувети
Нови четири лица во Македонија се заболени од новиот тип на вирусот А (Х1Н1).
Ова, вчера попладне го соопшти Министерството за здравство, од каде информираа дека лабораториските анализи биле позитивни кај четворица пациенти, хоспитализирани последните два дена на Клиниката за Инфективни болести.
Пациентите се на лекување на Инфективната клиника, дадена им е терапија со тамифлу, а здравствената состојба е стабилна и покажува прогресивно подoбрување.
Македонија досега регистрира вкупно девет случаи со новиот вирус А.
{loadposition content9}