Skip to main content

Грчки хакери ги нападнаа македонските банки

Грчката хакерска група која се нарекува Моќна Грчка Армија и која неодамна упадна во сајтовите на Владата и низа државни институции и медиуми, вчера ја нападнала Народната Банка на Македонија и низа комерцијални банки.

 |   | 

Групата на Твитер објави дека упаднала во НБРМ, НЛБ, Комерцијална Банка, Шпаркасе, Стопанска Банка – Битола, ТТК, Уни Банка и низа други банки во Македонија.

Сите банки под лиценца на Народната Банка на Република Северна Македонија / сите банки во Северна Македонија ќе паднат. Наскоро – напиша групата на твитер, додавајќи „операција крај на Македонија“.

НБРМ и низа македонски банки потврдија дека нивните интернет страници накусо биле соборени од ДДоС напад. Тие велат дека хакерите не успеале да дојдат до податоците што ги чуваат.