Skip to main content

Се расчистува речното корито на Сушица и околината

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на р.Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото.

 |   | 

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на р.Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото.

Се расчистува потегот од пресекот со ул. „Живко Чинго” до пресекот со ул. „Железничка”.

Со оваа активност ќе се спречи сиот овој отпад да заврши во водите од Охридско Езеро, а се надеваме дека загадувачите ќе бидат санкционирани – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.