Skip to main content

Жител на Лескоец доби кривична за вршење јавен превоз без лиценца

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од охридското село Лескоец.

 |   | 
Јавен превоз

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од охридското село Лескоец.

При контрола во патниот сообраќај, извршена на 04.02.2022 година, полициските службеници на булеварот „Туристичка” во Охрид, го затекнале пријавениот како управува автобус сопственост на правен субјект од Охрид, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај – се вели во соопштението на СВР Охрид.