Skip to main content

МНР

Бебето од Харков тргна за Македонија

Бебето  старо само неколку дена беше  заглавено со своите родители во Харков. Во Украина заглавени уште 50 македонци.
 |  инфодеск  | 
harkov_napad
Бебето  старо само неколку дена, што беше  заглавено со своите родители во Харков, каде во моментов се водат најголемите борби, тргна на пат за дома. Мајката за Телма потврди дека се приклучиле на конвојот што треба да ги изнесе од Украина.Семејството не можело да го послуша повикот на МНР да се извлечат од Украина пред инвазијата, затоа што чекале термин за породување. Бебето се родило само два дена пред почетокот на нападите. Евакуација чекаат уште 50 наши државјани, од кои 20 се во Киев, а останатите се во други градови.Од МНР им порачуваат на нашите државјани дека е договорено со конзулатите и амбасадите на Романија, Молдавија, Полска и балтичките држави да им помогнат и доколку можат, слободно да им се обратат за помош. Се разговара и со Турција, да се приклучат кон нивните конвои.Засега нема повици од наши граѓани кои се наоѓаат во Русија, а кои МНР ги повика да се вратат во земјава.Нашите државјани во Русија немаат ни кому да се обратат за помош, затоа што во моментов немаме амбасадор таму. Испраќањето на новиот амбасадор кој требаше да замине за Москва на 15 март, е одложено поради ставот на државата кон ситуацијата со Украина.