Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс.
Тие загинаа бранејќи ја Украина – се наведува во соопштението.Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија.Киреев е осомничен дека е руски шпион, а медиумите наведуваат дека украинската Служба за безбедност дошла до докази за неговото предавство и снимки од неговите телефонски разговори.