Skip to main content

Економија

Пораснаа цените на становите во струшко

Пораснаа цените на становите во Струга. Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.
 |  Габриела Трпческа  | 
struga stanovi

Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.

Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.

Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе фактори градежните материјали, работната рака. Новите станови се градат со поквалитетни материјали. Еден од елементите е тоа што со ковидот се стекна впечаток дека посигурно е да се вложува во недвижности него да се чуваат парите во банка – вели Инајет Положани, агент за недвижности од Струга.

struga stanovi

Печалбарите се најголеми купувачи на станови и луксузни апартмани во струшко. Сеуште е мал бројот на странци кои купуваат недвижнини.

Податоците покажуваат дека тие се големи купувачи, тие го сочинуваат поголемиот дел од колачот, но и домашните ако може така да се каже се сериозни купувачи и купуваат. Како податок може да се користат податоците од банките каде што потребите за станбен кредит секој ден растат. Од друга страна банките со пониски камати го помагаат овој сегмент повеќе да се развива – додава Положани.

До пред две години цените на поатрактивните станови во струшко се движеа од 500 до 900 евра. Дополнителна причина за поскапувањето се препораките на Унеско, односно забраната за градби во близина на крајбрежието.