Skip to main content

Бесплатен Wi-Fi во Охрид и Струга

Стотина туристички локации низ државава ќе добијат бесплатно wi-fi во наредниот период. Директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски и вд директорот на ЈП Национална Радиодифузија, г-дин Ендре Кадриу  разговараа за детали од проектот со кој се предвидени 100 точки, најзначајни туристички локации да имаат пристап до интернет.

 |  Голабовски Крсте  | 

Овој проект ќе се реализира врз основа на Националнот оперативен Бродбенд План – НОБП и опфаќа:

– 100 туристички локации
– прв чекор за реализација на проектот се граничните премини
– Wi-Fi покриеност на Охрид и Струга
– пристап до интернет на многу други значајни локации.

Реализацијата на овој проект е дел од  потребата за дигитализација и промоција на туристичките потенцијали што е од особена важност за развојот на туристичката индустрија.