ти си твојот град
Депонија над Антички театар
Граѓани на Охрид во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пријавија депонија лоцирана над Античкиот Театар.
Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики на кои се гледа депонија лоцирана веднаш над Античкиот Театар во Охрид.
Секоја година на овој потег во пролетните и летни месеци, местото станува депонија (секако, тука е виновно и локалното население). Тоа не се забележува бидејќи просторот е покриен со “мала џунгла” од високо зеленило и грмушки, но во овој период е доста видливо – вели Филип Жура.
Доколку сега би се откорнале или скастриле диво пораснатите растенија, верувам дека во иднина овој простор ќе биде оплеменет и нема да биде прибежиште на глодари и влекачи, кои често се среќаваат на овој доста фрекфентен потег – додава тој.
Потсетуваме, Вашите слики испратете ги на : tisitvojotgrad@tvm.mk и добијте ваучер или подарок од нашите пријатели.