СВР Охрид
Двајца повредени во сообраќајка кај Струга
Сообраќајна несреќа кај местото викано Равење. Се судриле „ауди” управувано од А.Ц.(26) од Јабланица и „ровер” управуван од Е.К.(20) од Лабуништа.

Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.







