Skip to main content

Цените на горивата нема да поевтинат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени.

 |   | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука цената на горивата да не се промени.

Малопродажните цени на нафтените деривати не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 12.03.2022 година, велат од РКЕ.

Ова се актуелните цени на горивата кои продолжуваат да важат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)