Skip to main content

Екологија

Работат каменоломите во Лабуништа, се најавуваат протести

Лабуништани повторно се закануваат со протести, откако деновиве се активира еден од каменоломите во селото.
 |  Маја Савиќ  | 
Каменолом Лабуништа
По двегодишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, деновиве се врши ископување и експлоатација. Со години еколозите бараа затворање на каменоломите, кои поради минирање и ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението.Мештаните бараат итно да се стопира, во спротивно повторно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и граѓанска непослушност.
Се што се работи на терен бараме во најкраток рок да се забрани, односно да се стопира. Ова го апелираме за да не дојде повторно до несакани последици, односно да не почне овој народ кој веќе е наелектрилизиран да не излезе на протести и проблемот да се радикализира – вели Алим Салоски, претседател на Здружението „Натура-лаб“ Лабуништа.
Жителите на Лабуништа повеќе од една деценија водеа битка против работата на петте каменоломи во селото, кои ја загадуваат почвата, водата и имаат штетни последици врз здравјето на населението.
Ги замолувам институциите во врска со каменоломите, конечно да преземат мерки еднаш засекогаш да се реши овој долгорочен проблем – вели Иса Сулејмани од „Натура-лаб“.
После повеќегодишните протести и притисоци, лабуништани ја добија битката. Владата во мај 2020 година им ги раскина договорите за концесија на  каменоломите и им забрани работа. Доколку се врши експлоатација без дозвола Законот за минерални суровини, предвидува глоба за правното лице од 30.000 до 250.000 евра.Новинар : Соња Рилковска