Skip to main content

Наталитет Струга

Се намалува наталитетот во струшко

Сто новороденчиња помалку во 2021год на Гинеколошкото одделение Струга. Во пандемијата имало голем број родилки позитивни на корона вирусот.
 |  инфодеск  | 
Бебе
Се намалува бројот на новороденчиња во струшко. Споредбено со пред десетина години, наталитетот бележи пад од 20-тина проценти.Во 2020 година на струшкото гинеколошко одделение имало 680 породувања, но во 2021-580, односно точно сто новороденчиња помалку.И покрај намалениот наталитет на одделението има зголемен обем на работа, бидејќи поради недостиг на гинеколози во Дебар, 90% од родилките од дебарско се породуваат во Струга, каде има седум специјалисти по гинекологија.
Досега годинава имаме 71 раѓање, како што може да се види и ние како во Цела Македонија имаме пад на наталитетот во споредба со минатите години. На нашето одделение доаѓаат за породување од Дебар, Охрид, Ресен, Кичево, мислам дека се задоволни пациентите од одделението и персоналот – вели Мајлинда Шеји, началник на Гинеколошко одделение Струга.
Во изминативе две години во пандемијата имало голем број родилки позитивни на корона вирусот, дел од нив се препраќаа во Скопје, дел поради итноста се згрижуваа во Струга.
Имавме и такви случаи, каде што итноста, породувањето веќе е започнато и немавме можност да ги транспортираме за Скопје тие сме ги породиле тука преземени биле сите мерки за заштита на мајката, бебето и персоналот. Во последно време може да се види од статистиките дека има поголем број на предвремени породувања – вели Шеји.
Во 2011 во Струга се родиле 701 новороденче, десет години подоцна бројот на новороденчиња е намален на 571.И покрај намалувањето на наталитетот, сепак во струшко сеуште има позитивен природен прираст. Според податоците на Државниот завод за статистика, во последното тромесечје лани, во Струга се родиле 131 бебе, а умреле 116 лица, односно има природен прираст со индекс 15.Новинар : Соња Рилковска