бизнис вештини и креативност
Обука за млади менаџери
Обука за млади менаџери ќе се одржи во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид во соработка со Граѓанската организација „Инклузија“.
Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанската организација “Инклузија” Ве покануваат да присуствувате на обуката за млади менаџери.

Преку оваа обука може да се стекнете со ново знаење и современи бизнис вештини кои ќе бидат од голема помош за вашиот постојан или вашиот иден бизнис, со цел поуспешна работа, поголем профит и опстојување на пазарот во време на економски кризи. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини на 6 теми од 6 предавачи. Сите учесници кои ќе присуствуваат на целиот серијал обуки, ќе се здобијат со сертификат – велат од ФТУ.
Сите заинтересирани можат да се пријават на : ftu.students@uklo.edu.mk


