Вевчанскиот карневал, за првпат не доби финансиска поддршка од Министерството за култура. Карневалската манифестација е бренд во земјава со вековна традиција и секогаш се одржувала под покровителство на министерството.
Според градоначалникот, одбивањето на финансии кои редовно изнесувале околу 1 200 000 денари е со образложение дека карневалот се одржал пред да се донесе одлука за негово финансирање, што и изминатите години било пракса.
Образложението во решението е дека Комисијата се состанала, односно настанот се случил пред да заседава комисијата што е едно паушално и банално образложување зошто не одбиле – вели градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочоски.
Утре започнува традиционалниот „Вевчански карневал“
Градоначалникот обвинува за политичка заднина, бидејќи навремено и уредно аплицирале со сите потребни документи, за што поднесе жалба.
Причините би ги рекол пред се дека се политички, не знам зошто би не одбиле. Ништо драстично не се случи во Вевчани, корона мерките беа запазени дозволено беше да се случуваат настани на отворено. Од наша страна не беше ништо нарушено за да не ни овозможат финансиски средства – додава Кочоски.
Кратењето на овие финансиски средства е голем удар врз општина Вевчани која има мал буџет. По поднесената жалба, очекуваат позитивен одговор од Министерството за култура.
Новинар : Соња Рилковска