На повидок уште една лидерска средба?
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати покана до претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на Нова Демократија Имер Селмани, за одржување заедничка средба на која би се разговарало за прашања од државен интерес за Република Македонија.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати покана до претседателите на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на Нова Демократија Имер Селмани, за одржување заедничка средба на која би се разговарало за прашања од државен интерес за Република Македонија
Груевски предлага средбата да се одржи денеска во 15.00 часот во Клубот на пратеници.
– Во пресрет на извештајот на Европската комисија за прогресот на Република Македонија и севкупните евро-атлански интеграции кои што се од големо значење за нашата земја, а во контекст на продолжување на редовните консултации на Владата со релевантните политички субјекти, Ве поканувам да оствариме заедничка средба на која би присуствувале лидерите на најголемите парламентарни партии.
Средбата би била посветена на усогласување на ставовите и изнаоѓање на политички консензус за реформите и останатите суштински прашања, кои што се од значење за ЕУ и НАТО перспективите на нашата земја. Владата на Република Македонија ги прави сите неопходни напори за да добиеме позитивен извештај од Европската комисија, но и во контекст на целата евро-атланска агенда, и во таа насока е и оваа иницијатива, стои во поканата на премиерот Никола Груевски до лидерите на СДСМ, на ДУИ, на ДПА и на Нова Демократија.
{loadposition content9}