Поднесено Барање за покренување Кривична постапка до Јавно Обвинителство на РСМ-ОЈО Струга за сторено кривично дело:
Загадување на животна средина и природата (Член 218 став 1 и Член 234 став 5), од Кривичниот Закон на Република С. Македонија.
Државниот инспекторат за животна средина на ден 17.03.2022г. изврши вонреден инспекциски надзор по претходно добиена медиумска информација за опожарување на трските во Охридското Езеро во близина на с.Калишта, Струшко.
Во надзорот учествуваа Државен Инспектор за заштита на природата и Државен Инспектор за животна средина, Канцеларија Охрид.
Инспекцискиот надзор е извршен на потегот помеѓу Струга и с.Калишта, каде што при увидот со Записник за констатација е константирано дека на брегот од Охридското Езеро има уништување на трска и друга вегетација, со опожарување во должина од околу 450метри и ширина од 50метри лево од пешачката патека која води од Струга спрема с.Калишта.
Десно помеѓу патеката и регионалниот пат Струга-с.Калишта имаше запалена вегетација на две локации.
Дел од изгорената трска и вегетација не е опожарена пред временскиот период кога е извршен надзорот, бидејќи има појава на обновување односно раст на нова вегетација. Опожарената трска беше на средината од Струга и с.Калишта.
Изготвена е и фотодокументација и за истото ДИЖС поднесе барање за отпочнување Кривична постапка до Јавно Обвинителство на РСМ-ОЈО Струга против непознат сторител.
Со оглед на општинските надлежности кои произлегуваат од Законот за управувањето со природното и културното наследство во Охридскиот регион (Сл.весник на РМ бр.75/2010), доставен е допис до Општина Струга со укажување дека општината е одговорна за управување и спроведување на мерки и активности за заштита и промовирање на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и спречување на активности кои негативно влијаат врз исклучителните вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.
Имателите на светско природно и културно наследство во Охридскиот регион се одговорни за одржувањето, чувањето, почитувањето и правилното користење на природното и културното наследство.
Општина Струга како имател на светското природно наследство треба да постави знак за светското наследство на начин определен во (членот 20 став) и преземање на мерки што произлегуваат од Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.