Туристичкото претставување на Македонија на меѓународниот саем за туризам “SAJAM TURIZMA” во Белград кој се одржува од 24-ти до 27-ми март 2022 година е традиција која Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја реализира во континуитет.
Македонско–српското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат и во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу РС Македонија и Србија.
Саемското претставување е во соработка со пријателите на АППТ од SIPPO- Швајцарска програма за поддршка на извозот.
Оваа година интересот на македонските општини да ја презентираат својата туристичка понуда е за поздравување. Општините Охрид, Дојран, Демир Капија и Гевгелија го видоа потенцијалот за привлекување што поголем број српски туристи и зголемување на нивниот престој во регионите каде што се нудат туристички продукти интересни за гостите од Србија.
Освен општините на македонскиот штанд чии простор е 50м2 коегзибитори се и ТА Савана, ХОТАМ, СКТМ, РЕСТОРАН Острово и DMC – Balkans.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот д-р Љупчо Јаневски и вд амбасадорот на Македонија во Србија, Михаела Веселинов пред започнување на саемот за туризам во Белград се сретнаа со министерот за туризам на Бугарија и амбасадорот на Бугарија во Србија на македонскиот изложбен простор.
Се потенцираше потребата од зголемување на соработката во делот на информативни патувања на новинари, блогери и инфлуенсери за промовирање на туристичките потенцијали, зголемување на промоцијата и повеќе туристи во 2022 година од двете дестинации.
Исто така со свои презентации ќе настапат и Маунтаин Солушн од Битола кои ќе ги презентираат планинарските авантури, JJ Adventures од Охрид специјализирани за планински велосипедизам и водени спортови, Шерпа Јавање од Галичник (Horse riding) и Нуркачки Центар Амфора од Охрид, кои ќе ги презентираат авантуристичките и активните форми на туризам.