Skip to main content

македонски просветители

Се поставуваат гранитни камени коцки

Поставена е атмосферска канализација, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, тротоари, велосипедска патека и ново улично осветлување.
 |  инфодеск  | 
поставување камени коцки

Започна поставувањето на гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, на улицата „Македонски просветители“ чија реконструкција е во тек.

Гранитни камени коцки ќе бидат поставени и на тротоарите со димензии 5/5/8см.

Поставена е атмосферска канализација, а според планираното улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување.

Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни.