свр охрид
Кривична за жител на Лескоец
Кривична пријава против жител на Лескоец кај кого во неговиот дом е пронајдена марихуана, како и повеќе засадени растенија канабис сатива.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Л.(39) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори”.
При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и повеќе засадени растенија канабис сатива – информираат од СВР Охрид.


