Skip to main content

запалена трска и вегетација

Во пораст полски пожари во Дебрца и охридско

Во охридско и Дебрца горат запалени стрништа. Скоро секојдневно охридските пожарникари гаснат пожари на отворен простор.
 |  Валентина Неловска  | 

Охридските пожарникари гаснат пожари во атарите на селата Ливоишта, Орман, Дебрца во овој период од годината скоро секојдневно. Во претпладневните часови пожарникарите гаснеле  запалена трска и вегетација во делот на Дебело поле.

Земјоделците не се откажуваат од добро познатите, лоши практики во пролет да ја палат  исушената вегетација по нивите и овоштарниците. Најголем број од изгаснатите пожари се случиле во општина Дебрца. Само од почетокот на овој месец до денес пожарникарите интервенирале 15 пати на гасење пожари на отворен простор, информира Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ Охрид.

Обично се интервенира на отворен простор. Нетипично е за овој период од годината споредено со минатата година има нагло зголемување на пожари. Во проценти изразено се движи некаде  до колу 70 посто во март, заклучно со денешниот ден. Јавно апелирам до граѓаните на Охрид и Дебрца да се однесуваат совесно и одговорно при движење во природа да не практикуваат потпалување за да се избегнат пожари од поглеми размери – истакна Јанкулоски.

Покрај гасењето на пожари на отворено, во текот на грејниот период, пожарникарите се справуваат и со опожарени оџаци и кровови на куќи. Дури за 40 проценти е зголемен бројот на пожарите на оџаци во оваа тековна година споредено со првото тромесечие од лани.

Се работи за несериозност на граѓаните без разлика дали станува збор за појава на пожари на објекти, на оџаци или на отворен простор.Најчеста причина за пожарите е човечкиот фактор – вели Јанкулоски.

Охридските пожарникари имаат и чести интервенции и врз гасење на запалени садови за одлагање отпад поставени на јавни површини. Нема промена во односот на несовесните граѓани кон јавното добро и понатаму ги палат контејнерите.