Skip to main content

струга-калишта

Повторно опожарена трска

Од СВР Охрид информираат дека на патот Струга-Калишта настанал пожар на трска. Интервенирала противпожарната единица од Струга.
 |  инфодеск  | 
пожар на трска

На 23.03.2022 во 17.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека покрај брегот на Охридското Езеро, на патот Струга-Калишта, настанал пожар на трска на брегот, на парцела сопственост на Република Македонија, информираат од СВР Охрид.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Струга.