Skip to main content

Поп сцена

Сара Јо запросена пред настап

Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо, доживеала изненадување на концертот на Марија Шерифовиќ, кога пред сцената ѝ пришло непознато момче и ја запросило.
 |  инфодеск  | 
Сара Јо фотосесија

Пејачката била гостинка на концертот на Марија Шерифовиќ, а кога излегла на сцена, се случило нешто што не очекувала.

Шерифовиќ ја ‘водела програмата’, односно, му овозможила на момчето да дојде до бината, да клекне пред Сара и да ја праша дали сака да се омажи за него.

Марија ја убедувала Сара да каже ‘да’, додека таа се смеела и чекала.

Сепак, Јовановиќ со многу двоумење дозволила младото момче да ѝ стави веренички прстен на раката.

Марија, секако, ја искористила оваа ситуација и се пошегувала на сметка на момчето кое ја запросило Сара.

„Има 21 година, легално е. Тоа е важно“, вели Марија.