Фестивалот на холански филм продолжува
Долгометражниот филм „Сина птица“ и краткиот филм „Патување низ ноќта“ ќе бидат прикажани вечерва во Охрид во рамки на холандскиот филмски фестивал „Високи достигнувања од ниската земја“.
лого
Долгометражниот филм „Сина птица“ и краткиот филм „Патување низ ноќта“ ќе бидат прикажани вечерва во Охрид во рамки на холандскиот филмски фестивал „Високи достигнувања од ниската земја“.
„Сина птица“ е филм во режија на Мијке де Јонг. Филмот е добитник на многу награди дома, но исто така беше номиниран како холандски претставник за Оксар во 2006 година и селектиран за престижните филмски фестивали во Торонто, Монтреал и добитник е на Стаклена мечка на Берлинскиот филмски фестивал.
В недела, последниот ден од холандскиот филмски фестивал, во дворното место пред дирекцијата на „Охридско Лето“ во Охрид, ќе бидат прикажани долгометражниот филм „Симон“и краткиот филм „Успех“.
Проекцијата на филмовите е бесплатна. Филмската програма „Високи достигнувања од ниската земја“ е во организација на Промо центарот Јавна соба од Скопје, а поддржана од Охридско лето, Центарот за култура Глигор Прличев од Охрид, Министерството за култура, Холанд Филм и Cultural Aid.
„Сина птица“ е филм во режија на Мијке де Јонг. Филмот е добитник на многу награди дома, но исто така беше номиниран како холандски претставник за Оксар во 2006 година и селектиран за престижните филмски фестивали во Торонто, Монтреал и добитник е на Стаклена мечка на Берлинскиот филмски фестивал.В недела, последниот ден од холандскиот филмски фестивал, во дворното место пред дирекцијата на „Охридско Лето“ во Охрид, ќе бидат прикажани долгометражниот филм „Симон“и краткиот филм „Успех“.
Проекцијата на филмовите е бесплатна. Филмската програма „Високи достигнувања од ниската земја“ е во организација на Промо центарот Јавна соба од Скопје, а поддржана од Охридско лето, Центарот за култура Глигор Прличев од Охрид, Министерството за култура, Холанд Филм и Cultural Aid.
{loadposition content9}