Skip to main content

70 лица дополнително ќе ја чистат Струга

Само за краток период, ефектот е на завидно ниво. Струга блеска, велат граѓаните.

 |  Колоска Билјана  | 
smet
смет

Само за краток период, ефектот е на завидно ниво. Струга блеска, велат граѓаните.

smetСтруга во наредниве 6 месеци ќе заблеска. Освен вработените во комуналното претпријатие, за време на летниот и есенскиот период, за хигиената на градот ќе се грижат уште 70 лица. Граѓаните велат дека на Струга и тоа како и  треба засилување со лица кои ќе се грижат за јавната хигиена.

Според анализите направени минатата година за невработените лица во Струга, утврдивме дека во градот има 2 800 луѓе кои долгорочно не се работно ангажирани, информира Владисслав Жупан од Локалната Самоуправа. Токму затоа аплициравме на повикот од Владата на Р.Македонија за ангажирање на долгорочно невработени лица, информира Жупан. Овој проект освен што е добар за градот туку е и за луѓето. Наместо со криминал и просење,  лебот ќе го заработаат чесно, вели Жупан.
Ангажираните сезонски лица од женската популација се задолжени за дополнително уредување во средните и основните училишта, додека поголемиот дел од вработените  се грижат за јавната хигиена во градот.

„Ефектите од старт се позитивни. Може да замислите како ќе изгледа градот за 6 месеци“-вели Жупан.

Тој се надева дека и во иднина ќе биде пракса, невработени лица да се ангажираат привремено. Тое е еден од начините за да се намали невработеноска во Струга, додава тој.

{loadposition content9}