Skip to main content

Оскари

Невиден скандал на оскарите

94-то издание на Оскарите, остана во сенка на скандалот, откако Вил Смит се качи на сцена и му удри шамар на комичарот Крис Рок.

На 94-то издание на Оскарите кое се одржа вчера во театарот „Долби” во Холивуд, остана во сенка на скандал, откако Вил Смит се качи на сцена и му удри шамар на комичарот Крис Рок кој претходно се пошегува со изгледот на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит која има алопеција и поради болеста целосно ја изгуби косата.

Крис Рок ја коментираше Џејда дека личи на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн”, на што Вил Смит првично се насмеа, но веднаш потоа бурно изреагира, се качи на сцена и му удри силен шамар на својот колега.

Можеби во прв момент публиката помисли дека ова е дел од сценариото, но потоа Смит откако се врати продолжи да упатува пцовки кон Крис, со што потврди дека се работи за инцидент кој дури ни режијата не успеа да го камуфлира.

Целата ситуација предизвика шок кај сите присутни.

Кратко после тоа, Вил Смит ја доби златната статуетка за Најдобра главна машка улога, за неговото портретирање на таткото на тенисерките Венус и Серена Вилијамс, „Кралот Ричард”.

Во својот емотивен говор се извини за предизвиканиот инцидент.