багрем
Исечено дрво на Туристичка
Граѓани на Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на исечено багремово дрво кое се наоѓаше пред деловни објекти на бул. Туристичка. Сторителот им е познат, но не им е позната причината поради која е исечено дрвото.
Граѓани на Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на исечено багремово дрво на бул. Туристичка. Велат причината за неговото сечење не е позната, но познат им е сторителот.
Сликите што ви ги праќам се од деловните објекти на бул. Туристичка – Мини
базар Слобода (наспроти новиот ТАМАРО Маркет). Љубоморен комшија, и покрај
предупредувањето да не го прави тоа, го исече возрасното багремово дрво преку
ноќ. Дрвото беше далеку од неговата куќа и имот околу 100 метри. Причината не
ја знаеме. Ако институциите се заинтересирани за сторителот, нека се обратат,
ќе им помогнеме – велат група граѓани за „Ти си твојот град“.
Погледнете ги сликите во продолжение!