Skip to main content

Градска Библиотека

Три дена Саем на книгата 

Три дена Саем на книгата -дојдете, видете, купете. Од 29 до 31 март, ( вторник, среда и четврток) НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира сопствен саем на книги.
 |  инфодеск  | 
Градска библиотека во охрид

Од 29-ти до 31-ти март, ќе се одржи Саем на книгата во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Читателите ќе можат да одберат книги од проектите на Министерството за култура и Владата.130 тома Македонска книжевност, врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, ѕвезди на светската книжевност.

Саем на книгата во библиотека

Направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката.

Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности а со купувањето на овие изданија ќе го поддржите и развојот на Библиотеката – велат оттаму.