Започна санацијата на плоштадот кај „Мини маркет“ кој подолг временски период беше неуреден и запуштен. Се врши темелно чистење на целиот потег, се спроведуваат градежни активности за промена на оштетените гранитни плочки и се врши поправка на фонтаните за вода.
Граѓаните бараат санација на плоштадот
Во текот на наредните денови ќе се изврши санација на урбаната опрема, а ќе бидат поставени нови клупи за седење и корпи за отпадоци. Ќе биде извршено соодветно хортиклутурно уредување на зелените површини со нови цветни насади и зеленило.
Санација на плоштадот кај Мини маркет
Овие активности се во насока на враќање на првичниот изглед на плоштадот и негово ставање во функција за граѓаните, како место за одмор и релаксација.
Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.