Најмногу докторанти во образование
Во време на пандемија се зголемила желбата за напредување во образовниот процес по што пораснал бројот на доктори на наука во Македонија.
„ Двесте и едно лице во земјава стекнало звање доктор на науки на некој од Универзитетските центри во земјава минатата година. За 15,5 проценти се зголемил нивниот број во споредба со 2020 година. Најголемиот процент од вкупниот број од докторанти или 30.8 % ја вршат својата професија во образовната дејност“, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Со титулата доктор на науки во образованието се стекнале 62 лица, во здравство и социјална заштита докторирале 47, а 30 лица во медицинската област. Жените биле поамбициозни во понатамошното едуцирање, покажува статистиката.
15 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2021 година, што претставува 57.2 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.