Репрезентацијата на Македонија вечерва од 20:45 часот го игра најважниот меч во нашата историја, финале за пласман на СП 2022 година во Катар.
Противник е селекцијата на Португалија која ја има улогата на голем фаворит против тимот на Благоја Милевски, кој по чудото во Италија, ќе се бори за нова светска сензација, овојпат во Порто.
Црвено жолтите се подготвени за уште еден историски дуел. Сега на ред е силната Португалија на Кристијано Роналдо.
Нашата селекција на „Драгао“ ќе има поддршка од околу 2.000 навивачи, кои се надеваат на уште едно славје и нов фудбалски „земјотрес“ во светски рамки.
Добра вест за селекторот Милевски е враќањето на Елмас и Костадинов, кои поради жолти картони беа во „аут“ против Италија.