Skip to main content

Уефа

Специјални покани за Лигата на шампиони

Лигата на шампионите ќе претрпи значителни промени, а само дел од нив треба да бидат доделување на две вајлд карти. Овој предлог сеуште се разгледува, но голема е веројатноста да помине.
 |  инфодеск  | 
Лига на шампиони

Европската фудбалска унија (УЕФА) размислува да понуди две места во Лигата на шампионите, на клубови кои тоа нема да го остварат преку националните првенства. Според коефициентот на листата на УЕФА, би биле доделени тие специјални покани, пишува „Марка“.

Лига на шампиони

Предлогот доколку биде усвоен ќе започне да се применува од 2024 година, информирал заменикот на генералниот директор, Џороџо Маркети.

Намерата на УЕФА е да ги награди клубовите кои биле успешни во натпреварувањата. Коефициентот би се гледал за период од пет години. На пример, доколку тоа правило важи за наредната сезона, специјални покани, според пласманот што го имаат во моментов во своите шампионати, би добиле Рома и Манчестер јунајтед.