Skip to main content

Архивистика

Отворена недела на државниот архив и во Охрид

Државниот архив во сите одделенија низ државава ги отвори вратите за граѓаните, да ги видат новите изданија од областа на историјата.
 |  Голабовски Крсте  | 
раководител на охридски архив

По повод Први април, денот на македонските архиви и архивисти, Државниот архив во ситте одделенија низ државава ги отвори вратите за граѓаните, кои ќе имаат можност да ги видат новите изданија што обработуваат теми од областа на историјата и архивистиката и изложбите посветени на значајни историски датуми, настани и личности со повеќе оригинални документи и фотографии.

Од 28 март до 1 април граѓаните ќе имаат шанса и да се запознаат со организираноста и начинот на работа на Подрачното одделение на Државниот архив во охрид, како научно-културна институција со особено значење за нашата историја и како еден од главните столбови врз кои се потпира нашиот идентитет.

Посетителите ќе добијат и подарок од Државниот архив – Каталог од изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев 1872-2022“ и примерок од најновиот број на нашето списание „Македонски архивист“.

Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.


More Coverage

Самата изложба која е од единствен карактер има двострано значење и тоа:
Од денеска до петок 12-ти ноември во дворот на охридскиот Архив ќе биде поставена фотографска изложба по повод „7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид”. Урбаната архивска изложба на отворено содржи значајни фотографии од едно бурно минато на градот пред и за време на Втората светска војна …